Тоневски: Започна асфалтирањето на патот до Кундино: Нов и побезбеден пат за жителите

Тоневски: Започна асфалтирањето на патот до Кундино: Нов и побезбеден пат за жителите

пред 2 часа

Започна асфалтирањето на патниот правец до село Кундино, со што влегува во завршна фаза проектот за целосна реконструкција на патот, информираше Тони Тоневски.

Во моментов се поставува првиот – порамнителен асфалтен слој, а во наредните денови е предвидено поставување и на вториот, завршен слој, по што патот ќе добие целосно нов и побезбеден изглед за жителите и посетителите.

Проектот опфаќа реконструкција на делница во должина од 1.427 метри и ширина од 3,5 метри, а предвидени се и дополнителни инфраструктурни зафати, меѓу кои изградба на пропусти и одводни канали, како и проширување на мостот на трасата.

За реализација на проектот се обезбедени 7.081.310 денари од Министерство за транспорт, додека изведувач на градежните работи е Коле-Транс Инжинеринг.

Од локалната самоуправа посочуваат дека реконструкцијата ќе придонесе за подобра поврзаност, поголема безбедност во сообраќајот и подобри услови за секојдневно движење на жителите од овој регион.

Share
Scroll to Top