Австралиските актери Рејчел Вард и Брајан Браун се запознале и се заљубиле на снимањето на серијата „Птиците умираат пеејќи“ во далечната 1983 година, а денес 38 години, се сè уште уште заедно. Живеат затскриени во Австралија, поточно во Нов Јужен Велс, во куќа која тешко се пронаоѓа.
Брајан прави чај секој ден, а кога е ладно, пали оган. Јаваат коњи, имаат градина, живеат далеку од градската врева на северниот брег на оваа прекрасна земја. И двајцата се согласни дека меѓу нив се случило нешто во исто време.
„Веднаш го почувствував тоа. Се сеќавам кога го запознав и му ја подадов раката, почувствував неверојатно чувство на олеснување. Само се сеќавам на тоа неверојатно чувство. Таа врска меѓу нас се случи во првите неколку секунди. Почувствував дека тој е маженствен, колку што јас бев женствена, тој јинг – и јас јанг. Чувствував дека е силен, како маж“, вели Рејчел Вард.
Иако тој не бил сигурен дали ќе ја прифати улогата во серијата, сепак таа знаела дека на крајот ќе се одлучи да остане.
„Мислеше дека ќе може да побегне, но всушност, проклето добро знаеше дека не сака да замине. И оттогаш не успеа да се извлече, ха ха“, дообјаснува Рејчел.
Само неколку месеци откако се запознале, тие се венчале во Оксфордшир, куќата во која пораснала Рејчел Вард
„Имавме мала свадба, околу 50, 60 луѓе и беше многу среќна“, вели Брајан.
Тие важат за еден од најдолговечните парови меѓу познатите. Имаат три деца: Роуз (32), Матилда (30) и Џо (24). Многупати глумеле заедно на филм.
Рејчел Вард ја започна својата кариера многу млада, како модел. Неколку пати се појави на насловните страници на познатите списанија како Vogue, Harpers Bazaar, Cosmopolitan и многу други. Откако се пресели во Америка во 1977 година, таа се појави во многу серии и филмови, понекогаш во помали, а понекогаш во поголеми улоги, сè додека не ја доби својата прва номинација за Златен глобус, со улогата во филмот „Sharky’s Machine“, каде имаше можност да игра покрај познатиот актер Берт Рејнолдс.
Пресвртна точка во нејзината кариера беше главната улога во серијата „Птиците умираат пеејќи“ во 1983 година, кога нејзин партнер беше Ричард Чембрлен. Мини серијата од само 5 епизоди ѝ донесе голема слава, но и уште една номинација за Златен глобус. Сите ги разнежни глумејќи ја Мери Клири, девојката која доаѓа на голем имот со своето семејство и се дружи со локалниот свештеник кога ќе порасне и ќе се заљуби. Брајан Браун го глумеше нејзиниот единствен сопруг, кого не го сакаше.
Мини-серијата „Птиците умираат пеејќи“ е базирана на романот на Колин Мекхју. Истата година, американските гледачи ја изгласаа Рејчел Вард за една од 10-те најубави жени во светот.