Тренд од 90-тите се враќа повторно во мода

Тренд од 90-тите се враќа повторно во мода

пред 4 години

Популарните багет чанти кои ги прослави познатата Кери Бредшо, оваа година се враќаат на модната сцена. По камбекот на четвртастите сандали и кратките топови, кои беа актуелни во текот на 90-тите години, дојде ред и на торбите кои беа во тренд тој период, да се вратат во мода.

Станува збор за малите и четвртасти торби, познати уште и како багет торби. Тие беа омилен моден додаток кај сите дами, велат модните експерти. Кога Кери Бредшо, првпат се појави во серијата „Сексот и градот“ со оваа торба, се појави огромна побарувачка за неа. Познавачите на модата предвидуваат еднаква популарност и оваа година.

Вистина, во нив ништо не може да се стави, освен мобилен телефон и помал несесер, но мораме да признаеме дека на секој аутфит му дава интересна нота и дека се едноставно неодоливи.

Ќе бидат актуелни сите бои, но препорака е да се носат со некои малку поелегантни комбинации.

Еве како ги искомбинираа познатите трендсетерки:

Share
Scroll to Top