Во спортска сала во Свети Николе, за време на тренинг на ракометен клуб, тренер физички нападнал малолетник од Свети Николе, кој тренирарал во клубот. Ова се случило неодамна, а информацијата ја потврди и МВР.
СВР Штип поднесе кривична пријава против М.П.(30) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете”.