Улогата на Нина во „Подобар живот“ била напишана за Лепа Брена

Улогата на Нина во „Подобар живот“ била напишана за Лепа Брена

пред 6 месеци

Улогата на Нина Андрејевиќ во хит-серијата „Подобар живот“ била пишувана за Лепа Брена, но бидејќи таа ја одбила, продуцентите ѝ ја понудиле на Снежана Савиќ, открија српските медиуми. Тие сакале во серијата да се појави голема ѕвезда, а во тоа време, најпопуларна пејачка во Југославија била Брена.

„Таа веќе покажа дека може и да глуми, се појави во ‘Тесна кожа’ и ‘Ајде да се сакаме’, ама нè одби затоа што не сакаше да биде врзана година-две со серијата и да не може да ѝ се посвети на музиката и концертите. По ова улогата ѝ ја понудивме на Снежана Савиќ и таа се снајде одлично како Нина. Никогаш не зажаливме за изборот“, открија неодамна продуцентите.

Снежана, пак, до неодамна не знаела дека таа не била прв избор за улогата на Нина.

„Јас само си ја работев својата работа. ‘Подобар живот’ беше голема серија, ми донесе популарност во цела поранешна Јогославија и среќна сум заради тоа“, рекла Савиќ.

За потсетување, Нина Андрејевиќ во серијата е позната пејачка, во која се заљубува Боба Попадиќ, кого го глуми Драган Бјелогрлиќ.

Share

AnimeHeaven anime: Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai Episode 13

AniWatch watch anime dub: Watch Jujutsu Kaisen (TV) Episode 3

Scroll to Top