Американската тренерка Андреа Фуентес ја спасила пливачката Анита Алварез од давење за време на Светското првенство во Будимпешта. Ја извлекла од дното на базенот откога престанала да дише и потонала. Пливачката била однесена на носилки, а од тимот рекоа дека сега е добро.
Ова е вторпат како ѝ се случува вакво нешто на Алварез. Таа се онесвестила и минатата година за време на олимписките квалификации во Барселона. Истот така, и тогаш ѝ беше дадена прва помош на самотот место.
„Анита е во ред. Лекарите ѝ ги проверија сите витални функции и сè е нормално“, изјави Фуентес.
Шпанскиот весник „Марка“ објави дека Фуентес скокнала во базенот зашто спасувачите не реагирале.