Песната „Локо Локо“, со која оваа година, групата „Ураган“, ќе ја претставува Србија на „Евровизија“, е најгледана на официјалниот канал на Песна на Евровизија. Досега нивното видео е прегледано повеќе од 4,5 милиони пати и со тоа тие го срушија рекордот.
Исто така и твитот кој беше веднаш објавен по нивниот настап на „Твитер“ профилот на „Евровизија“, RAM BA BA BAM, е најлајкуван на тој канал.
„Благодариме што овој твит направи најмногу лајкови вечерва“, напишаа девојките од Србија на крајот на вечерта.