Финансиски хороскоп до 24 јули: Скорпијата со повеќе пари, водолијата со промени во кариерата

Финансиски хороскоп до 24 јули: Скорпијата со повеќе пари, водолијата со промени во кариерата

пред 2 години

Овен
Ослободете се од навиките кои ве спречуваат да се збогатите. Само на овој начин ќе имате продуктивни моменти. Ќе почнете да ги реализирате идеите и плановите на кои работевте. Освен тоа, астролозите ве советуваат да ги правите најважните работи на почетокот на неделата, а шопингот да го оставите за крај.

dobivaj vesti na viber

Бик
Колку побрзо сфатите дека треба да ја подобрите вашата финансиска ситуација, толку побрзо ќе ги увидите можностите кои ви ги испраќа универзумот. Иако во текот на оваа недела не мора претерано да се ограничувате кога станува збор за трошењето пари, сепак не заборавајте да направите план за рационално трошење на средствата кои ви се на располагање.

Близнаци
Благодарение на транзитот на Венера и Меркур, ќе започнете нова фаза во финансискиот живот. Астролозите ве советуваат да не се задолжувате, но и да не им завидувате на другите во однос на тоа колку заработуваат. Покрај тоа, оваа недела постои голема веројатност да наидете на нов извор на приходи.

Рак
Најверојатно кон крајот на неделата ќе наидете на финансиски проблеми. Сепак, финансиската ситуација во блиска иднина ќе се подобри поради влијанието на Меркур. Зголемете ја вашата продуктивност и искористете ги вашите шанси. Освен тоа, во овој период не е вишок да се жртвува личната удобност заради постигнување на финансиските цели.

Лав
Позицијата на планетите поволно ќе влијае врз вашиот однос со парите, недвижнините и деловната комуникација, но за да ги искористите вашите шанси треба да се ослободите од старите обврски. Така, би била добра идеја да ги завршите проектите кои сте ги започнале порано. Доволно е да бидете трпеливи и да се фокусирате на целта.

Девица
Вашиот приход ќе зависи од тоа колку сте харизматични и флексибилни. Ќе имате можност за материјална добивка доколку успеете да оставите силен впечаток или да направите компромис. Освен тоа, ве очекува голем успех доколку барате нова работа или работите на голем проект.

Вага

Астролозите ве советуваат да ги завршите сите задачи пред да се посветите на новите обврски. Освен тоа, би било поволно да го намалите непотребното трошење кое досега негативно се одразуваше врз вашиот буџет. Не пропуштајте ја и можноста да запознаете влијателна личност која може да ви помогне во кариерата.

Во средината на јули значително ќе се подобри вашата финансиска ситуација. Не заборавајте дека планетите ќе ви донесат многу можности за развој на вашата кариера и зголемување на вашите приходи. Меѓу другото, почетокот на неделата ќе биде поволен период за инвестиции.

Почнувајќи од денес, треба јасно и гласно да ги искажете своите идеи. Не заборавајте дека мудрите и промислени чекори ќе ви го дадат очекуваниот резултат. Сепак, чувајте се од одредени луѓе од вашата околина кои можат да ви ја „исцицаат“ целосно позитивната енергија, неопходна за постигнување добри резултати.

Јарец

Оваа недела планетите ќе ви помогнат да ги оставите зад себе неизвесноста и лошата среќа, но и да ја подобрите финансиската состојба. Сепак, астрономите ви препорачуваат да не навлегувате во непотребни конфликти, особено со претпоставените или клиентите бидејќи ќе имаат негативно влијание врз вашата кариера и врз целокупната финансиска благосостојба.

Во текот на овие денови анализирајте ги вашите силни страни. Транзитот на Венера во соѕвездието Рак и транзитот на Меркур ќе придонесе за отворање ново финансиско поглавје во вашиот живот. Астролозите ве советуваат веднаш да преземете нешто, без одлагање бидејќи ве очекуваат големи промени во финансиите и кариерата.

Риби

Сега можете да започнете со посложени проекти, да преземате одговорност, да ја менувате позицијата и да трошите пари на она што го сакате. Ќе наидете и на одредени пречки, но успешно ќе се справите со нив. Астролозите ви препорачуваат да направите и резервен план за во случај главниот да не успее. Освен тоа, ова ќе биде одличен период за службени патувања и воспоставување нови контакти.

 

 

Share
Scroll to Top