(Фото) Бруцош на Беркли со кратка коса: Четкар се сети на првите денови во Америка

(Фото) Бруцош на Беркли со кратка коса: Четкар се сети на првите денови во Америка

пред 1 година

Џез-фанк музичарот Владимир Четкар објави слика од тинејџерските години и се потсети на првите денови кога почна да студира музика на колеџот, Беркли во Бостон. На фотката Четкар има 18 години и кратка коса, па ги изненади и пријателите и фановите кои го препознаваат по долгата виткана коса.

Четкар почна да студира на Беркли, еден од најпрестижните колеџи за музика во Америка, во 1996 година. Во разговор за „Репортер“ ни откри дека во тоа време, тој бил единствениот Македонец таму.

„Многу ми недостигаше Македонија кога отидов во Америка, ама пуста желба за изучување музика… Студирав продукција и аранжирање/пишување модерна музика. Тогаш се фокусирав на џез гитара. Работев како студиски аранжер и гитарист, но потоа почнав да се фокусирам на мојата кариера. Низ годините соработував со интернационални ѕвезди како Боб Синклер, Димитри од Парис, Том Мултон, Боб Ести, Џестофанк и други“, вели Владимир за „Репортер“.

Популарниот џез-музичар пред 13 години од Бостон се пресели во Њујорк. Некако во тоа време почнаа и настапите на големи фестивали и солистичките конецерти ширум светот. Досега настапувал во 25 земји на три континенти, а неговите албуми ги издадоа неколку светски музички куќи. Освен тоа, има голема поддршка од радио станици во светот кои постојано ја пуштаат неговата музика и често го ставаат на листата најпопуларни диско, џез, соул и фанк музичари.

 

Share

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

gogoanimeio GoGoAnime JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub)

gogoanime pro Naruto: Shippuden

One Piece Episode 994

GoGoAnime My Hero Academia (Dub) Episode 7

english dubbed anime Fairy Tail (Dub)

Scroll to Top