(Фото/Видео) Ништо не може да ја победи чистата елеганција: Кејт Хадсон блесна на доделувањето на наградите БАФТА

(Фото/Видео) Ништо не може да ја победи чистата елеганција: Кејт Хадсон блесна на доделувањето на наградите БАФТА

пред 5 часа

Како и секоја година, престижната церемонија на доделувањето на наградите БАФТА не можеше да се направи без парада на црвениот тепих од познати ѕвезди. Овогодинешното 79-то доделување на наградите беше обележано со интересни изданија, или поточно – оние што зрачат со чиста елеганција.

Едно такво носеше актерката Кејт Хадсон. За оваа пригода, таа одлучи да ја истакне својата женствена страна и избра фустан од Прада во црвена боја.

Станува збор за класично сатенско парче кое ја следи линијата на телото и ја истакнува витката фигура на актерката. Треба да се напомене дека самата креација не е украсена со посебни детали, туку со чиста елеганција врамена од вечниот моден класик – црвената боја.

Фустанот има и таканаречен отворен грб кој на целото издание му даде само мала доза на сексапил. Стајлингот го комплетираше со дијамантски ѓердан и обетки, а косата ја стилизираше во едноставна пунџа.

За шминка, таа користеше нежни, неутрални бои кои ја нагласуваа нејзината природна убавина и го нагласуваа нејзиниот гламурозен изглед.

Share
Scroll to Top