Популарната манекенка Бела Хадид беше во Париз за да присуствува на Неделата на модата во француската престолнина, а по враќањето во САД, таа повторно е активна. На забава во Лос Анџелес, таа носеше провокативна модна комбинација во која беше многу забележана.
Сведоци сме на враќање на модата од 90-тите и 2000-тите, а веќе со месеци се враќаат старите модни трендови што порано ги сакавме, а Бела е една од влијателните жени кои го прифатија овој ретро тренд.
@wonderlandmagazine Miss @Bella Hadid everybody! The people’s princess was spotted at a @Revolve party last night in LA! #bellahadid ♬ my name is Bella Hadid – Junior
Таа носеше проѕирен топ и еден од најконтроверзните трендови од почетокот на милениумот – капри панталони.
Она што го одбра целосно нè врати во старите години, особено затоа што самоуверено носеше чипкаст топ без ништо под него и кратка, широка црна кожна јакна – модел кој е „must have“ оваа сезона.
Таа и фризурата го прилагоди на тој стил, па косата ја имаше распуштена со малку свиткани прамени и шишки настрана, а кога стануваше збор за чевли – комбинацијата ја комплетираше со црни чевли со висока потпетица со зашилен врв. А впечатливиот накит во форма на прстени, нараквици и обетки совршено го „одработија“ својот дел од приказната.





