(Фото/Видео) Ќерката на познатиот тренер е опсесија на многумина: Убава, влијателна и го следи својот татко насекаде

(Фото/Видео) Ќерката на познатиот тренер е опсесија на многумина: Убава, влијателна и го следи својот татко насекаде

пред 14 часа

Прославениот тренер Пеп Гвардиола постигна победа во финалето на EFL Купот, а начинот на кој ја прослави привлече големо внимание на социјалните мрежи. Играчите на неговиот тим го доживеаа триумфот многу емотивно, но прославата на нивниот тренер беше уште повирална.

Неговата ќерка Марија веднаш истрча да го прегрне, а моментот во кој двајцата беа заедно брзо стана вирален. Фотографијата од Пеп и Марија ги преплави социјалните мрежи и потсети на многумина која е всушност неговата ќерка.

Која е Марија Гвардиола?
Освен што е ќерка на успешен фудбалски тренер и е многу присутна во медиумите и на социјалните мрежи токму поради ова, Марија е многу влијателна инфлуенсерка.

Благодарение на работата на нејзиниот татко, која вклучува чести преселби во европски градови, Марија е родена во Барселона, живеела и во Минхен, а потоа и во Манчестер. Иако секогаш започнувала нов живот од нула во непозната земја, Марија го нагласува ова како привилегија.

„Го следев татко ми низ целиот свет и имам многу спомени од натпреварите, но не можам да кажам дека го гледав често. Целиот наш живот беше подреден на неговата кариера, прво како играч, а потоа и како тренер. Фудбалот отсекогаш го градел нашиот пат“, изјави таа за италијанскиот „Венити фер“.

Марија има речиси милион следбеници на Инстаграм, сака да патува и е многу влијателна во светот на модата.

Покрај сето ова, таа го држи својот живот подалеку од очите на јавноста, и иако беше поврзана со фудбалерот Деле Али, нивната врска никогаш не е официјално потврдена.

Марија е најстарото од трите деца што Пеп ги доби во бракот со Кристина, меѓутоа, нивната љубов заврши минатата година по три децении заеднички живот.

Share
Scroll to Top