(Фото) Германец возел со 300 километри на час на автопат, па си го уништи „ферарито“ од 450.000 евра

(Фото) Германец возел со 300 километри на час на автопат, па си го уништи „ферарито“ од 450.000 евра

пред 4 години

Педесет и деветгодишен Германец си го уништи „Ферарито“ на автопат откако претходно направил сообраќајка возејќи со 300 километри на час. Додека претекнувал друг автомобил, изгубил контрола и удрил во заштитната ограда. За среќа минал без посериозни повреди, а не е повреден ниту еден друг учесник во незгодата.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила на патот А9, меѓу Минхен и Нирнберг, а скапото SF90 „Ферари“, целосно е уништено. Штетата е проценета на околу 450.000 евра.

За потсетување, германските автопати се познати по тоа што на одредени места нема ограничување на брзината, но кога ќе предизвикате судар, треба да докажете дека причината не е големата брзина.

Share
Scroll to Top