На денешен ден е родена актерката Анче Џамбазова, ќерка на доајенот на Македонскиот народен театар, Петре Прличко.
Нејзиниот син, актерот и шоумен Игор Џамбазов, по тој повод утрово објави нејзина фотографија на својот Инстаграм профил.
„Денес ќе наполнеше 79 години. Мојата мајка, колешка и најдобра другарка. Добредојде таго“, напиша тој под објавата.
Анче беше во брак со диригентот Александар Џамбазов, а почина на нивната 35-годишнина од брак, на 30 септември во 1997 година, на 55 години, од рак на белите дробови.
„Кога си отиде Анче и јас отидов, тука сум само онака“ кажа во една прилика маестро Џамбазов, по загубата на неговата сакана.
Игор често во неговите книги и интервјуа раскажува за нивната голема љубов.






