(Фото) Енди Родик се облече како Пепелашка за роденденот на ќерката

(Фото) Енди Родик се облече како Пепелашка за роденденот на ќерката

пред 4 години

Американскиот тенисер, Енди Родик, се облече како Пепелашка за третиот роденден на неговата ќерка Стиви, а таа беше маскирана во Елса од цртаниот филм „Леденото царство“. Сликите од роденденската забава, на која костуми на принцези и принцови носеле и бабите и дедовците, на Инстаграм ги објави сопругата на Енди, глумицата Бруклин Декер.

„Си ги врти постарите како што сака околу малиот прст. Среќен трет роденден“, напиша Декер.

Бруклин (32) и Енди (38) се во брак од 2009 година. Тие освен ќерката Стиви, го имаат и 5-годишниот син Хенк.

 

Share
Scroll to Top