Поранешниот партнер на Северина, Игор Којиќ, се преселил од станот на пејачката, тврдат очевидци за хрватските медиуми. Тој бил виден минатата недела со куфери во рацете, како ги става во комбе со белградски таблици, а медиумите пишуваат дека си ги земал работите од нејзиниот стан.
Од пијар тимот на Северина, негираат дека Игор се иселил и објасниле дека единствената селидба која се случила во изминатиот период, била на нејзината внука, Миа Поповиќ која живеела во спротивната зграда.
„Единственото селење што се случи викендов беше она на внуката на Северина, која повторно се пресели со нејзиниот сопруг во непосредна близина, поточно спроти зградата на Северина“, велат од пијар тимот на пејачката.
Ова е вторпат како Игор бил забележан пред зградата на Северина. Тој ја нема посетени речиси една година. Веќе цела година се шпекулира дека Игор и Северина се разделени. Таа живее во Хрватска, а тој во Србија.