(Фото) Израел воведе сериозни анти- ковид мерки, задолжителна електронска алка или државен хотел

(Фото) Израел воведе сериозни анти- ковид мерки, задолжителна електронска алка или државен хотел

пред 4 години

Израелскиот парламент одобри закон кој налага задолжително носење на електронска алка за сите кои влегуваат во Израел, или се во карантин поради коронавирусот.

Според новиот закон луѓето што ќе бидат испратени во домашен карантин, ќе мораат да носат алка за следење, за да властите се осигураат дека тие нема да го напуштаат домот. Ако одбијат, тогаш мораат во карантин во државен хотел.

„Секој што е во карантин поради коронавирусот во Израел, или секој што ќе пристигне од одредени земји и е должен да биде во карантин, ќе треба да се изолира дома со електронски уред за следење, за да се осигураме дека останува во изолација, за време на траењето на задолжителниот карантин“, соопшти израелскиот парламент.

Нараквицата ќе ја следи локацијата на корисникот преку Bluetooth и GPS технологија и ќе се поврзе со нивниот мобилен телефон. Мониторот на нараквицата ќе ги извести властите доколку луѓето го прекршат задолжителниот период на изолација.

Доколку патниците покажат доказ дека биле вакцинирани за Ковид-19 или дека веќе се опоравиле од вирусот, тие ќе бидат ослободени од карантин откако ќе бидат подложени на серолошки тест.

Израелските критичарите, вклучително и единствениот пратеник од опозицијата, изјавија дека тоа ја нарушува приватноста на поединците.

Истовремено, Врховнито суд на земјата укинала мерки со кои се ограничува влез и излез на израелските државјани од земјата, истакнувајќи дека тие ограничувања се незаконски. Во Израел постои пропис со кој се ограничува бројот на лица кои дневно влегуваат во земјата на максимум 3.000 лица.

Изралците кои во моментов се невакцинирани од разни прилини, не можат да ја напуштат земјата.

.

Share
Scroll to Top