(Фото) Карди Би ја офарба косата како нејзиното „Ламбурџини“

(Фото) Карди Би ја офарба косата како нејзиното „Ламбурџини“

пред 5 месеци

Американската раперка Карди Би, ја офарба својата коса во зелена боја, исто како нејзинот автомобил од брендот „Ламбурџини“.

Две години поминаа откаа таа стана русокоса, а сега реши да го промени својот имиџ, за да се усогласи со нејзиниот нов скап автомобил.

Таа објави фотографии од фотосесијата која ја направила со „Ламбурџинито“, чија каросерија се прелива од бела во зелена боја.

„Каде одиме кога ќе заспиеме?“, напишала Карди под фотографијата, алудирајќи на името на студискиот албум, кој го издала нејзината колешка Били Ајлиш.

На оваа објава, таа собрала 2,7 милиони лајкови и голем број коментари во кои фановите и порачаа дека нема вкус и дека џабе има многу пари и дека сè што прави е кич.

 

Share
Scroll to Top