(Фото) Комбинација со која ќе изгледате 5 килограми послабо: Стилски трикови

(Фото) Комбинација со која ќе изгледате 5 килограми послабо: Стилски трикови

пред 4 месеци

Симнувањето на вишокот  килограми може да потрае, а понекогаш ни треба резултат веднаш. Ако сѐ уште не сте ја довеле линијата до совршенство, овие стилски трикови ќе ви ги дадат посакуваните резултати.

Гардеробата може да ни биде најдобриот сојузник доколку правилно се одбере. Таа може да ги нагласи најдобрите делови од нашето тело и да ги скрие недостатоците.

Доколку сакате фигурата да ви изгледа беспрекорно, водете се според овие правила…

Црна боја
Добро познато е дека потемните бои, а особено црната, имаат моќ визуелно да ја направат фигурата повита. Секогаш одбирајте потемен џинс, бидејќи така нозете ќе ви изгледаат повити и подолги, а особено доколку ги носите во комбинација со високи потпетици.

Mонохроматски стил
Исто како и црната боја, монохроматскиот стил дава проверени резултати. Облечете се во една боја од глава до пети и ќе изгледате значително послабо.

 

Oдбегнувајте плисирани и набрани панталони
Наборите дебелеат, па затоа носете панталони кои напред се рамни, бидејќи тие ќе го сокријат стомакот и ќе ги направат нозете подолги. Поради тоа ќе изгледате повисоки и попропорционални.

Панталони со висок струк
Овој крој на панталони е идеален за криење вишок килограми на стомакот, а истовремено ќе направи нозете да изгледаат вито.

Вертикални линии
Сѐ е во добриот избор на дезен, а вертикалните линии се совршено решение доколку сакате да ги сокриете килограмите.

  

Носете подлабок V- израз околу вратот
За да го издолжите горниот дел на телото, носете блузи и џемпери со V-изрез. Тој ќе придонесе за тоа да изгледате повисоки, а истовремено ќе го тргне вниманието од деловите на телото што сакате да ги сокриете.

Фустани пресечени во струкот Потпетици
Фустаните што се пресечени во струкот се идеални за сите девојки со облини, особено за девојки што имаат пошироки колкови. Тие на вистинскиот начин ги сокриваат сите ваши несовршености, а покрај тоа, ги нагласуваат вашите атрибути.

Високи потпетици
Изборот на обувки, исто така, може да направи драстична разлика во изгледот. И пониските потпетици ќе бидат доволни за фигурата да изгледа поскладно.

 

Share

AnimeTV anime tv shows on netflix: Watch Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita. Episode 1

AniWatch watch anime free: Watch Dragon Ball (Dub) Episode 37 (https://aniwatch.pro/m/M6M/ep-37)

Scroll to Top