(Фото) Кристина во танга му се шета по дома на диџеј Боно: Нов дечко по разводот со Кајмакоски

(Фото) Кристина во танга му се шета по дома на диџеј Боно: Нов дечко по разводот со Кајмакоски

пред 3 години

Манекенката Кристина Димитријевска пак направи гужва на социјалните мрежи, откако објави слики во црн градник и танга . Во провокативни пози, сликана во кујна, таа ги прашува : „Дали сте гладни?“.

Меѓу коментарите кои велат дека е секс-бомба, е и оној на Диџеј Боно, со кого Кристина последниве месеци настапува во ноќните клубови низ Македонија.

„Во цела куќа ми се сликаш“, ѝ напиша тој, а манекенката му одговори дека тоа е нормално, оти се по цел ден заедно.

Ова само ги подгреа муабетите дека диџејот е нов дечко на Кристина. Таа откако се разведе од Даниел Кајмакоски не зборува за љубовниот живот во јавноста. Дека се во врска се зборуваше и околу Нова година, кога Кристина објави слики како топлес и покриена само со дедомразовска капа му седи во скут на Боно.

Share
Scroll to Top