(Фото) Крис Џенер се забавува во Мексико со 25 години помладото момче

(Фото) Крис Џенер се забавува во Мексико со 25 години помладото момче

пред 3 години

Крис Џенер (65), мајката на Ким, Клои и Кортни Кардашјан и Кајли и Кендал Џенер, се забавува во Мексико со 25 години помладиот дечко Кори Гембел. Тие се сликани во Кабо Сан Лукас, а фотографиите се појавија во американските медиуми.

„Крис изгледа многу помладо од нејзиниот дечко“, „Преубава е и згодна за своите години“, коментираат на социјалните мрежи и велат дека Кори во последно време се запуштил и е многу дебел за неговата возраст.

Крис и Кори се во врска од 2014 година. Тој е талент-менаџер и организира турнеи на познати американски музичари.

Share
Scroll to Top