Пејачката Лејди Гага ја копирала Jелена Карлеуша. Така барем се фали во јавност српската пејачка, откако Лејди Гага облече фустан, кој наводно фолк пејачката го носела пред три години. Станува збор за фустан накитен со лажни пари, со кој Карлеуша се појави во него пред три години во Ѕвездите на Гранд.
Карлеуша ја објави фотографијата од Лејди Гага и рече дека пејачката ја копирала. Некои од фановите на Карлеуша и напишаа на Гага дека ако има проблем со стајлингот и со недостиг на идеи, слободно може да ја праша Јелена.
„Оваа Јелена стварно допира до тебе Гага. Ова не е шега. „Фрли ги парите, ем се лажни, ем фустанот ти е копија. Ајде Гаго, си можела и пооригинална идеја да имаш. Имаш пари, имаш планетарна слава, но, немаш идеи како Јелена“, и напишаа тие на Гага.