Новата слика на фолк-пејачка Елена Велевска, со краток фустан и голи нозе, пак привлече внимание на социјалните мрежи. Елена е сликана во еден трговски центар во Скопје, покрај новогодишната елка. Фановите и овојпат ѝ коментираа дека е „секси, иако е закопчана до грло“, а други ѝ оставија порака дека „годините за неа се само бројки и таа воопшто не старее“. Пејачката, која често објавува провокативни слики на социјалните мрежи, важи за дама која секогаш се грижи за изгледот.