(Фото) Навивачите на Динамо му посветија графит на Аријан Адеми во Загреб

(Фото) Навивачите на Динамо му посветија графит на Аријан Адеми во Загреб

пред 3 години

Навивачката група „Бед Блу Бојс“, нацртаа графит од македонскиот фудбалер и капитен во Динамо, Аријан Адеми. Тие велат дека графитот му го посветуваат на својот миленик заради големите траги кои го има оставено во клупската историја.

За него велат дека е симбол на Динамо Загреб, капитен, мотор на тимот кој има рекорден број настапи и трофеи и е верен на клубот веќе 12 години. Голем број европски екипи го бараа, но тој ги одби иако за него нудеа милионски суми. На крај одлучи да остане на „Максимир“ рекоа фановите.

 „Никогаш не е пракса да се цртаат активни играчи додека играат за некој клуб, но капитенот Аријан Адеми заслужи вакво нешто, бидејќи секогаш дава се од себе, за клубот и за навивачите. Тој дефинитивно спаѓа во одбраното друштво на играчи кои оставиле силен траг во клупската историја“, напиша авторот на овој графит од Адеми.

Share
Scroll to Top