Ѕвездата од серијата „Белиот лотос“ привлече внимание во необична креација која совршено ги откриваше нејзините витки нозе и идеална фигура.
Тајландската раперка и актерка Лалиса Манобал, која светска слава ја стекна како членка на групата Blackpink, а потоа ја доби својата прва актерска улога во третата сезона од серијата „Белиот лотос“, привлече можеби најголемо внимание на 77-то доделување на наградите Еми во Лос Анџелес, сето тоа благодарение на фустанот што го носеше на оваа церемонија.
Розовиот фустан неодоливо наликува на шеќерна волна, што не е прв пат оваа година да видиме таков стил на црвениот тепих. Сепак, иако ваквите фустани можеби станаа еден од најнеобичните трендови што дури и бремената Ријана ги прифати, тие секогаш привлекуваат неверојатно внимание и ги ставаат своите сопственици во центарот на настаните.
Оваа креација се состои од неколку слоеви транспарентен тил, кој е најизразен на колковите, каде што има длабок шлиц што ја истакнува завидната фигура на популарната Лиза, како што ја нарекуваат, но целото внимание е сепак насочено кон нејзините витки нозе.
Бојата на фустанот ја комбинираше со накит и светкави, зашилени чевли.
Целиот изглед го заокружи со суптилна шминка и малку виткана коса, како и разоружувачка насмевка што им ја подари на фотографите.