(Фото) Новата вила на Ѓоковиќ во Марбељи многу личи на онаа на Пабло Ескобар

(Фото) Новата вила на Ѓоковиќ во Марбељи многу личи на онаа на Пабло Ескобар

пред 5 години

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена од неодамна станаа сопственици на луксузна вила во Марбељи. Новиот дом го чинеше Ѓоковиќ 10 милиони евра. Во него има приватен базен, спа центар, кино сала, тениски терен, девет спални соби, сала за билјард, теретана и маса за пинг-понг.

Куќата е со огромен двор и има убав поглед на море и планина. Фановите и медиумите се поделени околу изгледот на новиот дом на тенисерот. Некои од шпанските медиуми напишаа дека новата куќа на Ѓоковиќ, многу потсетувала на онаа на нарко босот Пабло Ескобар, а дека и самиот Ноле и Пабло се многу слични и сакаат исти работи.

Познатиот шпански интернет портал „ОК Диарио“ пишува дека вилата е декорирана во комбинација од арапски и медитерански стил, а пред куќата има место за правење на скара, простор за забава, како и тениски терен.

 

 

Share
Scroll to Top