(Фото) Новинар на „Си-Ен-Ен“ е нов дечко на Ким Кардашијан

(Фото) Новинар на „Си-Ен-Ен“ е нов дечко на Ким Кардашијан

пред 2 години

Се шират гласини дека американската ријалити sвезда Ким Кардашијан (40) се забавува со репортерот на „Си-Ен-Ен“, Ван Џонс (52) додека уште трае развод со раперот Кание Вест (43).

– Дали Ким Кардашијан веќе го преболе Кание Вест? – прашуваат фановите ширум светот.

Гласините за нова врска започнаа викендов кога Синди Адамс, колумнист за Њујорк Пост, откри дека слушнала приказни за нивната наводна романса.

“Ако Ким се омажи за Ван, нема да можам повеќе да се справам со ова нешто што се нарекува живот, тоа би било премногу за мене хаха“ – рече еден обожавател.

Некои корисници на Твитер ја обвинија Ким дека го користи Џонс за да и помогне во идната правна кариера. Во 2018 година, Ким и Ван ги здружија силите за успешно спасување на Алис Џонсон од затвор, кој беше помилуван од поранешниот претседател Трамп.

Инаку, Ван е сама веќе некое време откако се разведе од својата долгогодишна сопруга Џејн Картер во 2019 година. Ким поднесе барање за развод од Кание Вест во февруари годинава, по 6 години брак и четири деца заедно.

Share
Scroll to Top