(Фото) Одбојкарите тргнаа на Европско, им фрлија вода за к'смет

(Фото) Одбојкарите тргнаа на Европско, им фрлија вода за к’смет

пред 3 години

Македонските одбојкари во полн состав попладневно заминаа во Финска, каде од 1 до 8 септември ќе ги одиграат своите настапи на Европско првенство. Тие утрово направија ПЦР тестови и сите беа негативни.

На поаѓање кон аеродромот, им фрлија вода за к’смет.

За „црвено-жолтите“ ова ќе биде втор настап на еден континентален собир, а идентично како и пред две години во Љубљана, повторно предводник на македонскиот национален тим ќе биде Никола Ѓоргиев.

Селекторот Душко Николиќ пред два дена го соопшти составот на играчите што ќе настапат на 32-то Европско првенство (ЕП) во групата Ц, што ќе се игра во Тампере, Финска. Составот е без поголеми промени во однос на претходното, дебитантско ЕП за Македонија, во Словенија, во 2019 година. Покрај дванаесеттемина од ЕП 2019, сега ќе играат Лука Костиќ и Филип Савовски, додека ќе изостанат од репрезентацијата Александар Милков и Иван Андонов.

Македонија на ова ЕП е во група со Финска, Русија, Шпанија, Турција и Холандија. Европското првенство официјално стартува на 1. септември.

Слично вакво фрлање вода за к’смет имаше во јуни оваа година, кога фудбалерите заминуваа на Европско првенство.

Share
Scroll to Top