Пејачката Туна Сејдиу е во Дубаи со синовите. Таа деновиве објавува слики и видеа оттаму и со следбениците споделува детали од одморот – додека е на фризер, на вечера во познат ресторан, од латино забава, но и додека ужива на плажа. Туна се сликаше и пред најпознатиот хотел во Дубаи, Бурџ Ал Араб, во тиркизни бикини и сребрен проѕирен фустан, па на социјалните мрежи велат дека пејачката диктира мода и за на плажа. Таа во Дубаи дојде директно од одморот на Занзибар.
Пејачката има два сина, Тиан и Зен, кои ги доби од бракот со косовскиот пејач Патрис Бериша, со кого се разведе неодамна, по скоро пет години брак. Претходно таа беше мажена за бизнисменот Рилинд Река, но и тој брак траеше кратко.