(Фото) Пеле тврди дека има дадено повеќе од 1000 голови, не сака да признае дека Роналдо му го срушил рекордот

(Фото) Пеле тврди дека има дадено повеќе од 1000 голови, не сака да признае дека Роналдо му го срушил рекордот

пред 2 години

Бразилската фудбалска легенда, Пеле, не сака да се помири со тоа дека Кристијано Роналдо му го сруши рекордот. Тој сега тврди дека има постигнато повеќе од 1000 погодоци.

На мечот против Удинеза, Португалецот постигна два гола и го престигна Пеле. по бројот на постигнати погодоци во кариерата.

Асот на Јувентус дојде до бројка од 758 погодоци, што е за еден гол повеќе од Пеле. Сега некои податоци говорат дека Пеле во кариерата постигнал повеќе од 1000 голови. а тоа го тврди и самиот тој.

Пеле одлучил да му одговори на Роналдо и на медиумите по објавата дека неговиот рекорд е срушен. Пеле ја изменил својата биографија на официјалниот „Инстаграм“ профил. Напишал дека тој е најдобар стрелец на сите времиња со вкупно 1283 постигнати погодоци.

 

Share
Scroll to Top