(Фото) По повредата, физиотерапевтот Улисес Бадио, го рехабилитираше Ѓоковиќ за 48 часа

(Фото) По повредата, физиотерапевтот Улисес Бадио, го рехабилитираше Ѓоковиќ за 48 часа

пред 6 години

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ заработи повреда во третото коло и малку фалеше да го предаде мечот и да се откаже од борбата за титулата на Австралија опен. На крајот успеа да се опорави и да го победи Тејлор Фриц, а потоа и Милош Раониќ.

Многумина сметаат дека главен виновник за неговата рехабилитација, е аргентинскиот физиотерапевт Улисес Бадио. Двајцата постојано се заедно, а Улисес му помага на Ѓоковиќ при секоја вежба. Тој веќе неколку години е прв човек во тимот на Новак.

„Новак ми се обрати за време на Мастер турнирот во Рим. Ми предложи потоа да дојдам со него на Ролан Гарос. Сега живеам на релација Италија, Белград и Монте Карло. Сам сум и можам да му бидам на располагање 24 часа. Ако ми каже дека треба да одиме во Шангај, ќе одиме. Тоа ми е сега работа“, изјавил Бадио.

Тој е роден во Санта Фе, а живеел во Кордоба. Емигрирал на 22 години за да го унапреди своето знаење на полето на кое во моментов работи. Дипломирал кинеиологија и физиотерапија, а специјалист е за рамења, лактови и генерално повреди на рацете. Запознаен е и со кинеската медицина, нутриционизмот, а тој е човекот кој го извлече Ѓоковиќ од повредите и ментално го врати на победнички пат.

Share
Scroll to Top