(Фото) Роденденска забава со Симба: синот на Ламбе прослави 3. роденден

(Фото) Роденденска забава со Симба: синот на Ламбе прослави 3. роденден

пред 2 години

Помалиот син на пејачот Ламбе Алабаковски, Димитриј, го прослави третиот роденден. Ламбе и Магдалена му подготвиле тематски роденден со торта, колачиња, балони и реквизити инспирирани од цртаниот филм „Кралот лав“.

Балони со зелена и жолта боја како џунглата во која живее лавот, торта со омилениот лик Симба, како и добро познатото мото на Тимон и Пумба „Хакунаматата“.

Димитриј за роденденот беше облечен во фармерки и маичка со јунаците од цртаниот филм „Кралот лав“.

Димитриј е помалиот син на Ламбе и Магдалена, кои го имаат и седумгодишниот Михаил. Двете деца на Ламбе се родени во Америка, каде што пејачот живееше долго време. Тој и неговата сопруга пред неколку месеци решија од Детроит да се вратат во Битола. Откако си дојдоа дома, Ламбе е постојано активен со настапи.

Share
Scroll to Top