Вештачката новогодишна елка на 66-годишната Кеј Ештон од Шефилд, за која се верува дека е најстара во Велика Британија, е украсена по 100. пат.
Ештон вели дека елката ги преживеала нацистичките бомбардирања и дека ја одржуваат со помош на селотејп. Нејзината баба Елизабет Нејлор ја купила елката во 1920 година за два шилинга и оттогаш таа е дел од семејството.
„Баба ми ќе беше апсолутно воодушевена да знае дека елката сѐ уште стои. Елката по малку стана семејна шега и сестра ми често ме шегува за неа“, вели Ештон.
Елката е висока шеесет сантиметри. Во нацистички напад во 1940 година, таа била погодена од шрапнел, а потоа била поправена со селотејп.
„Таа сѐ уште изгледа многу привлечно“, вели Ештон.