(Фото) Совршени фризури за жени со тенка и ретка коса

(Фото) Совршени фризури за жени со тенка и ретка коса

пред 4 години

Жените што немаат густа коса, најверојатно, досега се увериле дека многу долгата коса не е најдобриот избор за нив. Средната должина на многу жени им е и омилена. Едноставна е за одржување, доволно е кратка за нејзиното обликување да не бара многу време, а истовремено доволно е долга за да се собере во опавче или пунџа.

1. Романтично брановидна

Може лесно да се обликува дури и со виклери во домашни услови.

2. Рамна до рамената

Рамно потстрижаната коса до рамената остава впечаток на здраво и бујно влакно. Може малку да се разбушави, да се исправи или да се навитка. Секое решение ќе изгледа фантастично.

3. Невидливи слоеви

Станува збор за благо скалесто потстрижана коса до рамената. Исклучително е лесна за одржување и ѝ дава волумен на ретката коса со тенко влакно.

 

4. Кркми

Кркмите и косата со средна должина се најдобри пријателки. И класичните кратки рамни кркми и  моментно популарната завеса од кркми прават косата да изгледа бујно и здраво.

 

5. Рамно фенирана

Некои ќе кажат дека е здодевна, а други дека е класична, но рамно потстрижаната и фенирана коса до рамената, малку подвиткана на врвовите, е фризура што никогаш не излегува од мода. Оваа фризура тенката и ретка коса прави да изгледа полна со волумен.

Share
Scroll to Top