Моделот Кристина Димитријевска, која пред две години почна да се занимава со музика, викендов го имаше својот прв настап во кафуле во Велес. Облечена во црно танга-боди и мрежести хулахопки, Кристина го привлече вниманието и со изгледот и со пеењето. Таа објави неколку фптографии од вечерта и рече дека се забавувала одлично. Кристина пееше со Алек и Тони, со кои ги снима своите песни, a поддршка им беше диџеј Боно.
Кристина, која со години е дел од модното студио „Црнокрак“, за „Репортер“ пред настапот откри дека е среќна што првпат ќе пее во живо пред македонската публика.
„Се радувам за мојот прв настап. ‘Кали’ во Велес е познато по најатрактивните журки во градот, а јас сум сигурна дека и ние ќе направиме одлична забава“, рече тогаш Кристина.