Глумецот Атанас Атанасовски наполни 33 години, а роденденот го славеше со семејството. Неговата сопруга Александра објави неколку слики од прославата. Од роденденската торта на која имаше свеќичка со бројот 2 која Атанас ја дувна со синот Павле и ќерката Една, но и од романтичната вечера во познат скопски ресторан, каде што беа без децата.
„Среќен роденден на дечко ми“, напиша Александра на Инстаграм.
Глумецот е познат по тоа што не сака да зборува многу за приватниот живот и ретко споделува семејни слики во јавноста. Постојано е активен во Театар комедија, каде што глуми во скоро сите претстави во театарот.