(Фото) „Таа е мојата муза“, Игор објави портрет од Илина

(Фото) „Таа е мојата муза“, Игор објави портрет од Илина

пред 3 години

Актерот и шоумен Игор Џамбазов објави портрет од неговата девојка Илина Арсова, која таа самата го нацртала.

„Автопортретот на мојата муза“, напиша Џамбазов и доби пофални коментари од фановите.

Не е тајна дека Илина покрај планирањето, ужива и во сликањето. На крајот на минатата година таа ја отвори изложбата „Повторно на нула“, на која присуствуваше и Игор кој ѝ беше поддршка.

Изложбата беше склоп на слики, фотографии и личен видеозапис, а особено внимание предизвика сликата со гола фетусна положба на Илина. Таа тогаш за „Репортер“ ни кажа дека додека се сликала гола на планина, ја бркала полиција затоа што тоа го сметале за срамен чин.

Share
Scroll to Top