ФОТО | Тејлор Свифт објави досега невидени приватни снимки со Тревис Келси во видеото за „Cleveland!“

ФОТО | Тејлор Свифт објави досега невидени приватни снимки со Тревис Келси во видеото за „Cleveland!“

пред 2 часа

Тејлор Свифт им овозможи на обожавателите да погледнат дел од нејзиниот приватен живот со Тревис Келси, објавувајќи досега невидени снимки од нивната посета на неговиот роден крај во новото лирик-видео за песната „Cleveland!“.

Во видеото, кое беше објавено во петокот заедно со проширеното издание на албумот „The Life of a Showgirl: The Encore“, се прикажани кадри од патувањето на двојката во Кливленд Хајтс, Охајо, каде што Келси пораснал со својот постар брат Џејсон.

Ѕвездата на Канзас Сити чифс во неколку наврати е снимен како насмеан управува автомобил, додека Свифт седи на совозачкото седиште. Кон крајот на видеото се појавува и пејачката, а меѓу кадрите се прикажани панорамата на Кливленд и други моменти од нивното патување.

Посебно внимание привлече сцената во која се гледа жена во бел фустан, додека во песната се споменува носењето бела облека. Иако многумина веднаш ја поврзаа сцената со венчавката на двојката, извор за „Page Six“ тврди дека тоа не е венчаницата што Свифт ја носела на свадбата со Келси во јули.

Во видеото се појавуваат и ролерки украсени со 13 срца, што обожавателите го протолкуваа како уште едно повикување на омилениот број на пејачката.

Песната „Cleveland!“ е директно инспирирана од Келси и од неговото детство во Охајо. Свифт пее за неговиот некогашен дом, посетата на Кливленд и љубовта што ја споделуваат. Во еден од најличните делови таа го нарекува Келси љубовта на својот живот, додека други стихови предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи поради нивното двосмислено и провокативно значење.

„Cleveland!“ е една од четирите нови песни на проширеното издание на албумот. Покрај неа, Свифт ги објави и „Patient Zero“, „Pink Clouding“ и „Babylon“. Пејачката соопшти дека песните ги создала во Шведска со долгогодишните соработници Макс Мартин и Шелбек, инспирирана од поддршката што обожавателите му ја дадоа на оригиналниот албум.

Новото издание веќе бележи голем успех на стриминг-платформите. „Patient Zero“ стана најслушаната песна од женски изведувач во еден ден на „Spotify“ во 2026 година, додека Свифт го постави и рекордот за најслушана пејачка во еден ден во текот на годината.

Спотот за „Patient Zero“, во кој се појавуваат и Дакота Џонсон и Колин Фарел, треба премиерно да биде прикажан на доделувањето на музичките награди на „MTV“.

Share
Scroll to Top