Ракометарот на „Вардар“, Тимур Дибиров, Нова година и Божиќ ќе ги прослави во Москва. Тој на „Инстаграм“ објави празнична фотка со семејството и се пофали дека конечно, по една година, се пак во Русија. Лани за празниците Тимур остана во Скопје. Тогаш во интервју за „Репортер“ рече дека му е жал што нема да биде дома за Нова година.
„Москва е најубава во зима, кога врне снег, но оваа година останувам во Македонија заради обврските со клубот. Ќе одиме во Русија догодина“, ни рече тогаш Дибиров.
Заради короната, Тимур ни летово не отиде во Русија, иако секоја година на паузата меѓу две сезони е во Москва, кај неговите родители.