Пејачката Кејти Пери со неколку нивни заеднички фотографии му го честиташе роденденот на својот вереник Орландо Блум. Со емотивна порака, Кејти изрази колку љубов чувствува кон својот сакан и таткото на нејзината ќерка Дејзи Дејв.
„Најсреќен 44-ти роденден на мојата љубов, брилијантниот татко на мојата Дејзи Дејв и светлото огледало кое ме гледа и го рефлектира она што сè уште не можам да го видам.“ напиша Кејти.
„Ти благодарам што ме поддржуваш и никогаш не ме напушти. Толку ми е мило што мојата месечина откри дека е сонце, те сакам, ти си целиот мој свет“,вели пејачката .
Кејти Пери и Орландо Блум станаа родители 25 август 2020 година. Орландо стана татко по втор пат, тој има деветгодишен син Флин Кристофер Блум.














