Том Круз на премиерата на новиот филм „Топ ган“ дојде со хеликоптер. Тој сам го управуваше и слета како вистинска акциска ѕвезда од неговите филмови, рекоа неговите пријатели. Хеликоптерот го носеше неговото и името на филмот: Том Круз, „Топ ган: Маверик“.
Актерот носеше црн костум и авијатичарски очила. На црвениот тепих позираше со колегите Џенифер Конели и Мајлс Телер.
Многумина коментираа дека неговото лице било затегнато и дека успеал да го задржи младешкиот лик. „Се нема променето од првиот „Топ ган“ од 1986 година“, коментираа фановите.
За неговиот младешкиот изглед коментираше и естетскиот хирург Најла Раџа, чии пациенти се многу познати личности.
„Изгледа се предозирал со инјекции и филери против брчки, што негативно влијае на неговиот изглед. Доколку не се разгледа внимателно структурата на лицето, можно е конечниот резултат да е искривен и неприроден“, рече таа.