Хрватскиот пејач Тони Цетински направи трансплантација на косата. Тој се пофали дека наскоро ќе има многу коса и откри дека по долго време конечно си ја исполнил желбата.
„Веќе долго време имав желба да направам трансплантација на косата и среќен сум што заради тоа не морав да отпатувам надвор од границите на нашата земја, зашто докторката и експерт за коса, Ана Малетиќ, е убедливо најдобра, напиша Цетински на Инстаграм.
Хрватскиот пејач, кому косата почна да му опаѓа пред многу години, неколку пати јавно кажа дека е секси ќелав, но дека повеќе сака да има коса.






