По четири години пејачот Халид Бешлиќ одржа голем концерт во Арената Загреб. Салата беше преполна со 20.000 обожаватели. Атмосферата беше сјајна, а публиката танцуваше и ги пееше во еден глас неговите хитови. Делови од тоа што се случуваше на концертот сними и хрватскиот водител Далибор Петко.
Халид ги испеа неговите најголеми хитови „Романија“, „Во мене есен е“, а имаше и изненадуавња за публиката. Го повика на сцена глумецот Енис Бешлагиќ, со кого заедно ја пееја „Јас без тебе не можам да живеам“.