Балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ прв пат, по смртта на сопругот Аркан, сподели фотографија со дечкото, од викендот во Војводина.
По зимувањето во Копаоник, таа со Богдан и неговата ќерка Искра се упатија кон етно селото во Зрењанин, Војводина.
„Уште еден убав ден“, напиша пејачката под фотографиите, во кои го гушка Богдан.
Милица Тодоровиќ, Емина Јаховиќ, Александра Младеновиќ се само дел од пејачките кои ја коментираа објавата на ѕвездата.
Но фотографиите и видео-снимка пејачката ги избриша веднаш откако ги објавија тамошните медиуми.
Слични фотографии објави и Богдан и под нив напиша „Offroad“ (Надвор од патот), возејќи го четирициклот покрај брегот.











