Џони Деп го претстави автопортретот наречен „Пет“, за кој рече дека го го претставува најмрачниот период од неговиот живот. За портретот вреден околу 2.200 евра, рчее дека ги претставуваат петте години од правната битка со поранешната сопруга Амбер Херд (37).
Сликата е инспирирана од фотографијата направена за „Кристијан Диор Парфемс“ во 2015 година кога беше заштитно лице на „Диор Соваџ“. Актерот ја избра оваа фотографија како знак на почит кон Диор, кој го поддржа во правна битка, пишува „Дејли мејл“.
„Ја направив во студиото на Ралф Стедман во 2021 година. Овој автопортрет е насликан во време кое беше, да речеме, малку темно, малку збунувачки. Го погледнав и не знам зошто, решив дека му требаат дополнителни детали. Почувствував потреба да го одбележам одбројувањето на годините. Токму затоа напишав пет бидејќи штотуку влегував во петтата година на лудилото“, рече Деп.
За потсетување, Џони Деп ја доби Амбер во битката за клевета, откако таа во „Вашингтон пост“ во 2018 година објави дека претставувал слика на семејно насилство. Иако Херд не го спомна конкретно името на Деп во текстот, таа претходно го обвини за семејно насилство.
Деп во тужбата наведе дека обвинувањата на Херд го чинеле десетици милиони долари изгубени деловни можности. Поротата во американската сојузна држава Вирџинија одлучи дека Деп мора да добие повеќе од 10 милиони долари отштета. Во противтужба на Херд, на глумицата и беа доделени два милиони долари.
Двојката се венчаше во февруари 2015 година, откако се сретнаа на снимањето на Дневникот на Рум во 2011. Херд поднесе барање за развод следната година. По жестоката разделба, се соочија со низа тужби,
Меѓу нив беше и тужбата на Деп која ја загуби против британски таблоид за клевета, откако го нарече тепач на сопругата.