Реми Лусиди од Франција, загина откако паднал од 68. кат на зграда во Хонгконг. Триесетгодишниот Лусиди е познат по искачувањето облакодери низ светот, а во моментите пред да се случи трагедијата бил на кулата „Трегунтер“ во Хонгконг. Паднал откако наводно заглавил пред еден пентхаус.
До зградата дошол во вечерните часови, а на обезбедувањето им рекол дека е во посета на пријател на 40. кат. Се верува дека се искачил до последниот кат, кога останал заглавен надвор, при што панично почнал да удира на еден од прозорците. Последната која го видела жив била собарката која била внатре.
Одма повикала полиција, но Лусиди во меѓувреме паднал и починал на самото место.
Лусиди ги имал искачено едни од највисоките згради во светот. Се има каучвано во Бугарија, Португалија, Франција, Украина и Дубаи. Со овие екстремни авантури започнал во 2016, а на 16 јули објавил селфи додека стои на скалите на врвот на зграда во Габрово, Бугарија.