Повеќе од 250.000 француски навивачи бараат да се повтори осминафиналниот натпревар меѓу Франција и Швајцарија на Европското првенство. Тие сметаат дека голманот на Швајцарија, Јан Сомер, во клучниот момент предвреме го напуштил голот по изведениот пенал на Мбапе.
За потсетување, Швајцарија и Франција одиграа 3:3 во регуларниот дел од натпреварот, а откако немаше голови ни во продолженијата, по изведувањето на пеналите, Швајцарија беше подобра, откако Мбапе промаши во последната серија.
Еден од навивачите на Франција започнал петиција за повторување на натпреварот затоа што сметал дека биле прекршени фудбалските правила. Петицијата досега ја потпишале 250.000 луѓе.