Француската писателка Ени Ерно не знаела дека ја освоила Нобелова награда, затоа што не се јавувала на мобилниот телефон. Нејзе ѝ припадна Нобеловата награда за книжевност, а за тоа вели дека дознала последна од медиумите.
„Дали сте сигурни дека јас сум добитничка?“, им рекла на новинарите на агенцијата ТТ, кога ја прашале за коментар, пренесе шведскиот дневен весник Hallands Nyheter.
„Утрово работев и телефонот постојано ми ѕвонеше, но, не се јавував“, рече таа.
Наградата ѝ е доделена за храброста и хируршката острина со кои ги откри корените, отуѓувањето и колективното ограничување на личната меморија. Ерно ќе добие 10 милиони шведски круни, што е за 6,8 милиони HRK и диплома и медал.
Ени рече дека не знае на што ќе ги потроши парите, ниту пак дали сака да оди во Шведска за лично ја земе наградата, која треба да ѝ биде врачена на 10 декември.
„Не знам. Сè уште ми е тешко да поверувам“, им одговори на новинарите. Ени е 17 жена која има добиено Нобелова награда за книжевност.