Фудбалерот Жан-Пјер Адамс 39 години е во кома: Го заспале за рутринска операција и никогаш не се разбудил

Фудбалерот Жан-Пјер Адамс 39 години е во кома: Го заспале за рутринска операција и никогаш не се разбудил

пред 4 години

Поранешен репрезентативец на Франција и член на неколку француски клубови, Жан-Пјер Адамс, е во кома 39 години поради грешка на анестезиолог. Во 1982 година Адамс го повредил коленото, по што требал да оди на рутинска операција во болницата во Лион. Но, во текот на операцијата, тој паднал во кома во која се наоѓа скоро четири децении.

За време на операцијата, фудбалерот бил лошо инхалиран, па едната цевка наместо да ги вентилира белите дробови, таа го блокирала патот на кислородот. На Адамс му се случила состојба што се нарекува „глад за кислород“ и поради тоа срцето престанало да му работи.

Болницата никогаш не се извинила на семејството. Оттаму се правдале дека имале премалку лекари и анестезиолози, па жената која работела како анестезиолог морала да работи со осум пациенти истовремено. Семејството сепак ја тужело жената и во ’90-те години таа била прогласена за виновна. Прво била казнета со едномесечна суспензија од работа, а подоцна е заменета со парична казна од 750 евра.

Жан-Пјер Адамс денес има 73-години, а за него се грижи неговата сопруга Бернадет. Таа ја отфрла можноста да го усклучи од апаратите што го одржуваат во живот.

„Медицинската сестра ми вели дека веќе не е истиот. Јас мислам дека тој повторно чувствува, дека го препознава мојот глас и знае кога сум до него. Што ако умрам пред него? Кој ќе се грижи за Жан-Пјер? Кој ќе го храни, облекува“, рекла Бернадет.

Адамс и Бернадет се во брак 52 години, а имаат и два сина сега се постари од годините што ги имал фудбалерот кога паднал во кома.

Share
Scroll to Top