Фудбалерот Мејсон Гринвуд чека дете од неговата девојка која го обвини за силување, пренесе британски „Сан“. Хариет Робсон го обвини фудбалерот на Манчестер Јунајтед дека ја тепал и силувал, по што беше приведен. Судот ги отфрли обвинувањата откако Хариет ги повлече обвиненијата.
Оттогаш во јваноста се шпекулираше дека двајцата повторно се заедно, а двајцата ја обновија врската, откако Гринвуд по вторпат беше ослободен.
За потсетување, фудбалерот на 30 јануари беше уапсен и обвинет за обид за силување со нанесување телесни повреди. Брзо потоа беше ослободен со кауција, а потоа повторно притворен и повторно ослободен.